ЕУ бара секретарки за плата од 2.500 евра
Европската канцеларија за избор на персонал објави оглас со кој бара лица кои ќе извршуваат административни и секретарски должности во институциите на ЕУ во Брисел и Луксембург.
Во огласот се бараат талентирани, мотивирани асистенти кои ќе работат повеќе задолженија поврзани со водење на една канцеларија.
Кандидатите мора да имаат соодветно средно или високо образование и најмалку 3-4 години работно искуство, во зависност од тоа за која позиција се работи. Освен ова, тие мора да имаат државјанство на некоја од земјите-членки на ЕУ и да знаат англиски, француски, германски или хрватски јазик, а да имаат добро познавање од уште еден јазик - англиски, француски или германски, различен од првично наведениот.
Сепак најинтересен податок е секако платата - за 40 часа работа неделно платата изнесува меѓу 2.345 и 2.645 евра месечно. Рокот за пријавување е 18 март.
Слично
