Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕЦБ со раст на нето профитот

ЕЦБ со раст на нето профитот
Европската централна банка ЕЦБ соопшти дека лани евидентирала силен раст на нето профитот, благодарение на каматите на обврзниците на презадолжените држави на еврозоната. Банката наведува дека нето профитот во 2012 година изнесувал 998 милиони евра, во однос на 728 милиони од претходната година. Значаен дел од профитот е остварен благодарение на каматите во рамки на контроверзната шема за купување на обврзници од земји кои имаа проблеми во собирање на средства на финансиските пазари.
Слично

Поврзани вести