„Етнос“: Можно е Меѓународниот монетарен фонд да побара нови мерки за штедење од Кипар
Покрај позитивните оценки дадени од „тројката“ кредитори за исполнување на меморандумот, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) не ја исклучува можноста да побара од Кипар нови мерки за штедење, што беше услов за доделување финансиска помош, објави денеска грчкиот весник „Етнос“.
Претставникот на ММФ Делија Велкулеску истакна дека Никозија постигнала напредок во реализацијата на меморандумот и оти резултатите во буџетскиот секотор се подобри од очекуваните.
„Побарани се повеќе услови за да се обезбеди стабилност на буџетскиот сектор за да се зачува финансиската стабилност и да се реализираат структурните реформи“, посочи Велкулеску.
Слично
