Етиопија има специфични традиции за Божиќ
Православните верници кои го следат Јулијанскиот календар го слават Божиќ на 7 јануари, а освен во Македонија, овој празник денеска се слави и во Црна Гора, Србија, Русија, Белорусија, Грузија, но и во африкански земји, како Етиопија и Египет.
Се проценува дека има меѓу 250 и 300 милиони православни христијани.
Но, во Етиопија имаат поразлични традиции. На Бадник свештениците носат црвено-бела одежда и чадори со везени реси.
Во попладневните часови, луѓето присуствуваат на црковните служби. На секој човек му даваат свеќа и тој оди трипати околу црквата.
Многу аџии во Етиопија патуваат во Лалибела за Божиќ – со автомобил или дури и пеш. На уништените патишта, патувањето понекогаш трае со денови, но тие се истрајни затоа што претстојат два важни празници за етиопските православни христијани: Божиќ на 7 јануари и крштевањето на Исус Христос, или Богојавление, на 19 јануари.Околу 15 проценти од населението на Египет се декларира како христијани, а 90 проценти од овој дел од населението припаѓа на Коптите, кои го слават Божиќ на 7 јануари.
