Економија, финансии, бизнис

Контакт

Етихад Ервејс – најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток

Етихад Ервејс – најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток
Националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати, Етихад Ервејс, осма година по ред е прогласен за најдобра авиокомпанија на Блискиот Исток. Престижното признание е една од трите награди што ги освои оваа авиокомпанија на ексклузивниот настан  “World Travel Awards Middle East” што се одржа во Дубаи. Истовремено, Етихад е прогласена за авиокомпанија со најдобра прва класа и со најдобар кабински персонал во регионот на Блискиот Исток. „Овие награди претставуваат признание за нашата постојана насоченост кон клиентите. Нашите подобрувања воведени во текот на 2013 година, како што е услугата „Летечка дадилка“ и постојаната wi-fi и интернет конекција и следење на ТВ програмите, ја нагласуваат посветеноста да испорачаме најдобри производи и услуги во класата“, изјави Џејмс Хоган, претседател и генерален директор на Етихад Ервејс. “World Travel Awards” се награди воспоставени во 1993 година, а се нарекуваат уште „Оскар за туристичката индустрија“. Признанието се доделува на шест регионални церемонии, од кои една е оваа за Блискиот Исток, по што следува конечен светски избор на крајот на годината.
Слично

Поврзани вести