Економија, финансии, бизнис

Контакт

Етихад дезинфицира авион заради ебола

Етихад дезинфицира авион заради ебола
Авиокомпанијата Етихад од Обединетите Арапски Емирати дезинфицираше еден од своите авиони откако беше објавено дека е возможно Нигеријка која починала откако допатувала во Абу Даби да била инфицирана со ебола. Потегот уследил по соопштението на здравствените власти во Абу Даби за можниот ризик. Тие навеле дека 35-годишната жена патувала од Нигерија за Индија заради лекување на рак кој метастазирал. Нејзиното здравје нагло се влошило додека била во транзитната зона не меѓународниот аеродром во Абу Даби. Додека лекарите се обидувале да ја вратат во живот, откриле знаци кои навестуваат можна инфекција со вирусот на ебола. Сопругот на Нигеријката и уште петмина лекари кои и дале прва помош на аеродромот се ставени во карантин додека не бидат познати резултатите од тестирањето. Засега сите тие се во добра здравствена состојба и не покажуваат знаци на болест. Во меѓувреме, 18 лица кои допатувале од Африка во Хрватска се под засилен медицински надзор заради превенција од ебола. Ниту еден од нив не покажува знаци на болеста, но од претпазливост нивната состојба се контролира, потврдија здравствените власти во Хрватска без да прецизираат за каков вид на медицински надзор станува збор. Според податоците на Светската здравствена организација, од ебола досега починале околу 1.145 лица и тоа претежно во три западноафрикански држави - Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, додека смртни случаи има и во Нигерија, најнаселената африканска земја. Ова претставува најголема епидемија на опасната болест во историјата. Болеста се пренесува со директен контакт или контакт со телесни течности на заразено лице, а СЗО смета дека ризикот да заболат патници во авион кои патуваат со инфицирано лице е мал. За болеста која предизвикува тешка хеморагиска треска и често завршува со смрт, не постои официјално признаен лек или вакцина.
Слично

Поврзани вести