Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕТА СЕ РАСПУШТА: Убија над 800 луѓе во борбата за независна држава

ЕТА СЕ РАСПУШТА: Убија над 800 луѓе во борбата за независна држава

„Целосно распуштање на сите структури“ денеска објави баскиската сепаратистичка организација ЕТА. 

Во писмото испратено до баскиските институции и невладини организации, кое го објави интернет порталот eldiario.es, ЕТА ја признава одговорноста за неуспехот во решавањето на „политичкиот конфликт“ во Баскија. Организацијата „Еускади та Аскатасуна“(ЕТА) што значи „Баскиска татковина и слобода“, уби 853 луѓе за време на својата вооружена кампања за создавање независна баскиска држава во северна Шпанија и во јужна Франција.

Борејќи се за независна баскиска држава, ЕТА повеќето луѓе ги уби во преодниот период, кога Шпанија го трансформираше својот систем од диктатура во демократија.

Слично

Поврзани вести