Економија, финансии, бизнис

Контакт

Естонија воведува бесплатно полнење за електрични возила

Естонија воведува бесплатно полнење за електрични возила

Откако воведоа бесплатен јавен превоз во Талин, Естонците планираат на сите да им понудат и бесплатна услуга за брзо полнење на возила на електричен погон.

Жителите на таа држава батериите во своите автомобили ќе може да ги наполнат на 165 станици со „супер-полначи“. Батерија од 16 kW/h ќе може да се наполни 80 отсто за 20 до 40 минути.

Секој град и поголемо село ќе имаат по една станица, а на автопатиштата ќе има на секои 40 до 60 км.

Инсталирањето почна во средината на 2012 година. Проценките се дека во Естонија во моментот има околу 650 возила на електричен погон, а повеќето се Митцубиши и-МиЕВ кои естонската Влада ги купи за државни службеници во 2011 година.

Слично

Поврзани вести