Ескалација на протестите во Бразил-18 годишно момче загина
Во Министерството за надворешни работи во Бразил, синоќа упадна група демонстранти при што се судирија со полицајците кои употребија палки и солазавец за нивнто растерување.
Полицијата соопшти дека упасила две лица од групата која го нападнала Министерството.
Бразилските медиуми јавија дека едно 18-годишно момче загинало во градот Рибејрао Прето, на околу 300 километри северно од Сао Паоло, кога засега непознат маж со автомобил удрил во група демонстранти.
Според полициским извори, во тркот на вчерашниот ден протести се одржале во најмалку 80 бразилски градови во кои учествувале меѓу окулу еден милион лица. Само во Рио де Жанеиро синоќа се собраа според проценките околу 300 илјади деминстранти.
Повредени се повеќе лица, меѓу кои и еден телевизиски репортер, кој бил погоден со гумен куршум во главата.
Повод за избивање на нередите беше зголемувањето на цената на билетите во јавниот сообраќај, што во меѓувреме во голем дел е повлечено.
Но, бесот на демонстрантите е насочен и против виските трошоци за организација на претстојното Светско фудбалско првенство 2014 и Олимписките летни игри 2016 година.
Многумина Бразилци се незадоволни што државата вложува милионски суми во подготовката на спортските настани, но ги запоставува инвестициите во здравството и во образованието.
