Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ештон ја повика Русија да ја запре агресијата

Ештон ја повика Русија да ја запре агресијата

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Кетрин Ештон денеска ја повика Русија да ја запре агресијата врз Украина.

Ештон тоа го изјавила на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Милано.

„Сите министри изразија длабока загриженост поради неодамнешната агресија на руските трупи врз Украина“, рекла Ештон која патува за Брисел за да присуствува вечерва на самитот на шефови ба државите или владите на ЕУ чија главна тема е одговор на влошување на состојбата во Украина.

Таа нагласила дека на лидерите на 28 земји им останува да одлучат за потребните мерки.
ЕУ ги заостри санкциите против Москва кон крајот на јули, воведувајќи мерки наменети да му наштетат на земјоделството и културата на Русија.
Слично

Поврзани вести