Ерупција на вулкан затвори аеродроми
Вулканот Мерапи на островот Јава во Индонезија имаше две ерупции, исфрлил пепел во височина од 6 километри, поради што се затворени два аеродроми.
Пепелта која ерупцијата ја исфрлила од вулканот привремено ги затворила Меѓународниот аеродром „Ахмад Јани“ во Семерангу на Јава , како и аеродромот „Аде Сумармо“ во Соло, соопштија официјалните власти.
Агенцијата за национални катастрофи на Индонезија информираше дека и понатаму важи предупредувањето за вулкански ерупции кое е на највисоко ниво.
Првата ерупција на вулканот била забележана во 8-20 часот по локално време и траела две минута, а втората е забележена во вечерните часови.
Инаку вулканот Мерапи се наоѓа на 30 –тина километри од градот Јогјакарта.
Инаку во круг од 10 километри околу вулканот живеат околу 250 000 луѓе.
