Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРУПЦИЈА НА ВУЛКАН: Голем број лица со изгореници, но има и исчезнати!

ЕРУПЦИЈА НА ВУЛКАН: Голем број лица со изгореници, но има и исчезнати!

По ерупцијата на вулканот Марапи на индонезискиот остров Суматра, спасувачите пронајдоа тела на 11 жртви, изјави портпаролот на спасувачките служби, а потрагата по 12-те исчезнати е прекината од безбедносни причини.

Во моментот на ерупцијата во областа имало 75 планинари, од кои 49 биле евакуирани во понеделникот, а многумина сега се лекуваат поради изгореници, изјави портпаролката на потрагата и спасувањето Џоди Хариван.

Заедно со телата на 11 планинари, спасувачите пронајдоа тројца преживеани, додаде Харијаван, а потрагата по 12-те исчезнати беше прекината поради последователната мала ерупција.


Во пресрет на активирањето на вулканот, властите го подигнаа нивото на тревога и воспоставија зона за забранет пристап на три километри од кратерот.

Марапи еруптираше во неделата, испраќајќи три километри пепел на небото. Небото е покриено со огромен облак од вулканска пепел, кој прекрил автомобили и патишта, покажува видеото.

Вулканот е меѓу најактивните на Суматра, а најмногу жртви зеде во април 1979 година, кога во ерупцијата загинаа 60 луѓе. Избувна и претходно оваа година, забележува Ројтерс.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести