„Ернст и Јанг“ го избраа најдобриот претприемач на светот
Хамди Уликаја, основачот на „Choban“ е добитник на наградата „Ернст и Јанг“ за Светски претприемач на годината, јавува интернет порталот „Bizlife“.
Како основач и претседател на компанијата „Choban“ од САД која се бави со производството на јогурт, тој ја доби престижната награда на церемонијата што на 8 јуни се одржа во Монте Карло во организацијата на ревизорската консултантска фирма Ернст и Јанг.
„Во текот на изминатите 26 години, колку што трае оваа програма, претприемачите имаат направено повеќе од било кој друг, со цел да се стимулираат иновациите, за создавање на работни места и севкупен напредок, како за време на просперитет така и во време на криза", рече Џим Турли, извршниот директор на Ернст и Јанг.
Иако Хамдиевата приказна е навистина инспиративна, сите 49 мажи и жени кои се пофалени оваа година може да се чувствуваат како победници. Нивните приказни се илустрација за определбата и визијата што не потсетува дека од нив може да се научи навистинаат многу , додава Џим.
Хамди е роден на една фарма во источна Турција, додека во Америка заминал во 1994 година за да научи јазик и заврши бизнис училиште. Со производство на фета сирење започнува во 2002 година по посетата на неговиот татко, кому не му се допаднало сирењето кое може да се купи во продавниците во САД.
Три години подоцна тој го купува затворена фабрика јогурт, ја основа „Choban“, компанија која е денес најпознат бренд во Америка за производство на јогурт. Тој започнал со 5 вработени, а денес има 2200.
Слично
