Ерменија се кае за зависноста од Русија, Пашинјан вели направиле грешка
Ерменскиот премиер Никола Пашинјан кажа дека зависноста од Русија околу безбедноста била „стратегиска грешка“. Рече дека безбедносната структура на Ерменија беше 99,999 отсто поврзана со Русија, вклучувајќи ги и прашањата за набавка на оружје и муниција.
Вели дека Москва не била во состојба да ги исполни своите обврски, пренесува Ројтерс. Во интервју за италијанскиот весник Ла република објавено вчера, Пашинјан ја обвини Русија дека не ѝ осигурила безбедност на Ерменија пред, како што кажа, агресијата на соседен Азербејџан поради отцепениот регион Нагорно Карабах.
Пашинјан сугерираше дека Москва, која има одбранбен пакт и воена база во Ерменија, не смета дека земјата е доволно проруска и дека верува дека Русија е во процес на напуштање на регионот Јужен Кавказ. Затоа од Ереван се обиделе да ги модификуваат безбедносните аранжмани.
„Но, денес гледаме дека на самата Русија ѝ требаат оружје и муниција (за војната во Украина“, кажа ерменскиот премиер.
Русија не ги коментираше тврдењата на Пашинјан. Во 2020 година имаше војна во регионот Нагорно - Карабак, а гарант на мирот требаше да биде Русија. Но, во регионот се случува да има престрелки и по прекин на огнот. Три децении Ерменија и Азербејџан се спорат за регионот.
