Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРМЕНИЈА САКА ВО ЕУ: Го почна процесот на пристапување

ЕРМЕНИЈА САКА ВО ЕУ: Го почна процесот на пристапување

Ерменија го почна процесот за пристапување кон Европската Унија(ЕУ). 

Овој документ не значи итен влез во ЕУ, туку ги одразува „аспирациите на граѓаните“ со што европската интеграција сега е дел од ерменското законодавство.

„Ерменскиот претседател Вахан Хачатуријан денеска потпиша закон со кој формално почнува процесот на пристапување на Ерменија во Европската Унија“, соопшти претседателскиот кабинет. 

Ерменскиот парламент на 26 март во последно читање го усвои законот насловен „За започнување на пристапниот процес на Република Ерменија во Европската унија“.

Иницијативата, покрената како граѓанска петиција со собрани 60.000 потписи, доби поддршка од 64 пратеници, а седуммина гласаа против. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека процесот може да напредува само доколку ерменскиот народ го одобри на референдум.

Кремљ претходно предупреди дека земјата не може истовремено да биде членка на ЕУ и на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), која ја предводи Русија.

ЕАЕУ, основана во 2015 година, ги вклучува Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан. 

Слично

Поврзани вести