ЕРМЕНИЈА ОБВИНУВА ЗА НОВ ГЕНОЦИД: Путин повика да прекинат судирите во Нагорно Карабах
Рускиот претседател Владимир Путин се огласи за конфликтот меѓу Еременија и Азербејџан во Нагорно Карабах.
Тој битките меѓу Еременија и Азербејџан ги оцени за трагични и повика на прекин на конфликтот.
Тој рекол дека поради конфликтот е во постојан контакт со премиерот на Ерменија Никола Пашињан.
Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави денес дека акциите на Турција и Азербејџан наликуваат на „терористички напад“ на Нагорно-Карабах и дека станува збор за продолжување на геноцидот над Ерменците.
Пашињан алудираше на масовниот масакар на ерменскиот народ на просторот на денешна Турција.
Жестоките борби продолжуваат и денеска.
Областа, која се граничи со Иран, е епицентар на воените дејствија во последните денови.
Откако почнаа судирите на 27 септември, двете страни пријавија најмалку 250 смртни случаи, вклучувајќи десетици цивили.
Се верува дека вистинската бројка е многу поголема бидејќи обете страни тврдат дека нанеле големи воени жртви.
