Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ерменија изгуби контакт од своите војници во Нагорно - Карабах, се стравува дека се заробени

Ерменија изгуби контакт од своите војници во Нагорно - Карабах, се стравува дека се заробени

Министерство за одбрана на Ерменија денеска објави дека изгубило секаков контакт со единиците на армијата за одбрана на Нагорно-Карабах стационирани недалеку од Кин Такер и Кчаберд во областа Хадрут.

„Потрагата продолжи во текот на ноќта и утрово, со помош на руските мировни сили, со цел да се утврди дали припадниците на ерменските трупи се заробени. Ако тоа е вистина, ќе бидат преземени сите неопходни чекори”, стои во соопштението на ерменското Министерство за одбрана. 

Неколку илјади приврзаници на ерменската опозицијата денеска организираа Марш на достоинството во центарот на Ереван, барајќи оставка од премиерот Никол Пашинјан.

Тврдат дека Пашинјан е клучниот виновник за катастрофата во Карабах.  Ерменската опозиција смета дека трилатералната изјава за прекин на огнот во Нагорно Карабах, потпишана од Пашинјан, рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алијев на 9 ноември, во суштина е акт на капитулација.

Тие го обвинуваат Пашинјан за економските и социјалните проблеми во земјата. Во екот на бурните случувања во земјата, ерменскиот претседател Армен Саркисјан повика на предвремени парламентарни избори и пренесување на власта на влада на национален договор пред гласањето.

Во регионот Нагорно - Карабах деновиве азербејџански војник снимил видео од убиен ерменски цивил и со тоа се пофали на социјалните мрежи. 

Слично

Поврзани вести