ЕРМЕНИЈА И АЗЕРБЕЈЏАН БРОЈАТ ЖРТВИ: Повеќе од 200 војници загинаа неделава
Над 200 убиени има неделава во судирите меѓу Ерменија и Азербејџан.
Овие податоци ги потврдија од двете држави. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан пред Парламентот изјави дека загинале 135 ерменски војници. Азербејџан денеска објави дека имаат 77 загинати војници. Ерменија тврди дека азербејџанските сили нападнале и зазеле населби на ерменска територија надвор од регионот Нагорно Карабах, а Азербејџан се правда дека одговара на „провокациите” од ерменска страна.
Москва ги оконча борбите со повика за прекин на огнот, но ситуацијата на границата останува напната. Во 2020 година двете земји војуваа за спорниот регион Нагорно - Карабах.
Слично
