ЕРМЕНЦИТЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПРЕДАДЕНИ: Пукање во Ереван, претепан е претседателот на Парламентот
Големо незадоволство има во Ерменија по постигнување на договорот со Азербејџан за прекин на воените дејствија.
Демонстранти влегоа во зградите на државните институции во главниот град Ереван откако е потпишан мировен договор со кој се става крај на судирите во регионот Нагорно Карабах.
Група демонстранти влегла во Парламентот, при што го претепале претседателот на Законодавниот дом Арарат Мирзојан.
Демонстрантите ги искршија и прозорците на резиденцијата на премиерот Никола Пашињан кој претходно објави дека дека е потпишан договор и скандираа „Никола не предаде“. На улиците на Еревен се слушаше и пукање.
„Некои од провокаторите беа во Карабах, но поради некоја причина ги напуштија своите позиции и избегаа оттаму. Повеќето од оние што избегаа сега се тука. Можам да им порачам дека сите иницијатори на демонстрациите ќе бидат строго казнети”. - изјави Пашињан.
Вели дека сите поттикнувачи на протестот ќе бидат строго казнети.
Претседателот на ерменскиот Парламент е опериран и закрепнува. Инаку, премиерот на Ерменија, претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и рускиот претседател Владимир Путин потшишаа договор со кој се става крај на војната.
Претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан изјави дека никој не го прашал за мировниот договор, ниту се консултирал со него и дека ќе почне консултации со премиерот Никол Пашињан за ситуацијата по потпишувањето на прекин на огнот во Нагорно-Карабах.
Азербејџанските сили остварија големи придобивки на бојното поле, вклучително и извештаите во кои се вели дека се приближиле кон Степанакерт - главниот град на Нагорно-Карабах, откако го заземаа блискиот стратешки град Шуши.
Азербејџан ќе ја задржи територијата во Нагорно-Карабах и околните области заземени за време на конфликтот. Се повикуваат силите на Ерменија да предат некои области кои ги држат надвор од границите на Нагорно-Карабах.
Ерменците ќе го загубат регионот Лачин, каде клучен пат го поврзува Нагорно-Карабах со Ерменија.
Договорот предвидува коридор широк пет километри, таканаречениот коридор Лачин, да биде заштитен од 1.960 руски мировници со петгодишен мандат.
