Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ериксон“ бележи драстичен пад на добивката

„Ериксон“ бележи драстичен пад на добивката
Шведската компанија за телекомуникации „Ериксон“ соопшти добивка пред оданочување од 1,7 милијарди круни околу 200 милиони евра за првото тримесечје годинава. Станува збор за речиси пет ипол пати помала добивка споредено со резултатот од истиот период лани, кога „Ериксон“ оствари добивка од 9,1 милијарди круни. Шведски медиуми јавија дека резултатот на „Ериксон“ за првиот годинашен квартал е полош од очекуваното, при што аналитичарите претходно сметаа на добивка од 2,7 милијарди круни пред оданочување. Влошувањето на резултатот се поврзува со продажбата на делот што „Ериксон“ лани го имаше во компанијата „Сони Ериксон“. Според берзанските аналитичари, Ериксон-акциите денеска сепак ќе поминат мошне добро.
Слично

Поврзани вести