Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРИКСЕН Е ЖИВ: По 10 минути борба за живот на теренот, реанимацијата успешна

ЕРИКСЕН Е ЖИВ: По 10 минути борба за живот на теренот, реанимацијата успешна

(ОБНОВЕНО) Славниот фудбалер на Данска, Крисијан Ериксен кој оддеднаш колабираше на натпреварот од Европското првенство со Финска во Копенхаген е жив. Многубројниот медицински тим повеќе од 10 минути се бореше за неговиот живот, успешно го реанимираше.

Сепак, како што се виде од камерите, сцените беа застрашувачки. Прво се повлекоа Финците теренот, а потоа и судиите кои беа видно вознемирени додека Ериксен на почетокот воопшто не даваше знаци на живот.

Медицинскиот тим, како што наведуваат и медиумите, најверојатно употреби и дефибрилатор, за да може со електрични шокови да го повратат. Покрај него беше и неговата сопруга, соиграчите на капитенот Кјер и голманот Шмајхел.

Како што претходно известивме во 43. минута од натпреварот помеѓу Данска и Финска на европското фудбалско првенство, на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, мечот беше прекинат, откако фудбалерот на Данска, 29-годишниот Кристијан Ериксен, колабираше.


Слично

Поврзани вести