Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ericsson ќе укине 354 работни места

Ericsson ќе укине 354 работни места
„Ericsson“  објави дека планира да го затвори погонот за производство на телекомуникациски кабли во матичната Шведска и очекува дека поради тоа ќе забележи еднократен трошок од 500 милиони шведски круни 75 милиони долари. Компанијата објави дека ќе укине 354 работни места, објаснувајќи ја одлуката за затварање на погонот со намалената побарувачка на бакарни кабли. Производството се сели во Азија, а паралелно расте и побарувачката за оптичкиот кабел, истакнуваат од „Ericsson“. „На европскиот пазар за кабли премногу се произведува“, наведува во соопштението Томас Квист, шефот на одделот за посебни производи и мрежи. „За жал, нашето производство веќе долго време не работи со полн капацитет и има проблем со профитабилноста“, додаде тој.
Слично

Поврзани вести