Ергодан лично наредил да се сруши рускиот авион?
Наредбата за соборувањето на рускиот авион била дадена еден месец порано, и тоа од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тврди „Викиликс” повикувајќи се на турскиот инсајдер Фаут Авни.
Тоа е псевдоним на многу влијателен блогер во Турција, нарекуван уште турскиот Џулијан Асанж, кој неколкупати го разоткрил Ердоган.
Според него нападот против авионите на Русија бил планиран уште на почетокот на октомври, во раните денови на руската авиоофанзива.
Сега Ердоган се обидува да ги мобилизира своите избирачи со тоа што ја стави земјата на работ на војна. Турците се патриоти, истакнува „Викиликс“, и заканата од војна за нив е гласен повик на единство и поддршка за владата.
Слично
