Ердоган:На годишно ниво умираат десет милиони луѓе од недостиг од храна
Околу 10 милиони луѓе секоја година умираат од глад и недоволна ухранетост. 1,3 милијарди тони храна се фрлаат секоја година. Ако само една четвртина од тоа се подели на гладни, тие не би умирале. Ова денекса го изјави турскиот премеир Реџеп Таип Ердоган по повод Акцијата за спречување на фрлање леб во Анкара.
- Годшно се фрлаат околу 1,3 милијарди тони храна, а тоа е околу една милијарда долари економска вредност, додаде Ердоган.
- На заштеда од фрлен леб годишно би можело да се исплатат 102 илјади просечни плати и изградат 500 училишта, наведе турскиот премиер.
Слично
