Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган за заеднички исламски фронт против тероризмот

Ердоган за заеднички исламски фронт против тероризмот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган апелираше денеска на муслиманските земји да направат заеднички исламски фронт против тероризмот и расизмот.

„Можеби можеме да говориме за различните јазици, можеби доаѓаме од различни краеви и имаме различно потекло, но, кога се соочуваме со тероризмот и расизмот, ние тие разлики мора да ги ставиме на страна“, рекол Ердоган на состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул.

Тој отворено ги осуди џихадистите на Исламската група кои под контрола ја држат територијата на Сирија и Ирак и „убиваат муслимани во име на исламот“.

Слично

Поврзани вести