Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган за Германија: Нека ги хранат терористите, утре ќе се соочат со нив

Ердоган за Германија: Нека ги хранат терористите, утре ќе се соочат со нив

На големиот митинг вчера во Истанбул, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прокоментира Германија и рече дека сега ги храни терористите, а во иднина ќе мора да се соочи со нив.

„Сакав конференциска видео врска со митинг за поддршка на демократијата во Германија - не ми дозволија. Каде е тука демократијата? Но, за курдските сепаратисти може. Треба да се свесни во Германија, нивната иднина нема да е според очекувањата, ќе ги погоди бумеранг, нека ги хранат терористите, тие утре со нив ќе се судираат! "- рече Ердоган.

Ердоган вели дека дава рок на демократијата во земјата да биде задоволена и партиите да се обединат до среда. Тој најави пред милионскиот народ во Истанбул, дека ќе стави точка на митинзите кои се организираат на иницијатива на неговата партија секоја вечер од 15 јули наваму, по обидот за пуч. Ердоган ги спореди извршителите на обидот за преврат со терористите на ПКК и „Исламска држава“.

Слично

Поврзани вести