Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРДОГАН ВЛЕГУВА ВО СОЈУЗ СО ПУТИН: „Нови четири земји влегуваат во моќниот БРИКС“

ЕРДОГАН ВЛЕГУВА ВО СОЈУЗ СО ПУТИН: „Нови четири земји влегуваат во моќниот БРИКС“

Постои можност Турција, Египет и Саудиска Арабија многу брзо да се приклучат на БРИКС, изјави директорката на форумот на БРИКС Пурнима Ананд, пренесува весникот „Известија“.

Ананд рече дека за време на 14-тиот самит на лидерите на БРИКС, кој се одржа во виртуелен формат од 23 до 24 јуни, за ова прашање разговарале Кина, Русија и Индија.

- Државите кои ги напоменав покажаа дека се заинтересирани за влез во организацијата и веќе подготвуваат апликација за членство. Мислам дека тоа е добар потег, бидејќи проширувањето секогаш се перципира позитивно, ќе го зголеми влијанието на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка) низ светот. Се надевам дека влезот на земјите во БРИКС ќе се случи многу брзо, бидејќи сега сите претставници на јадрото на унијата се заинтересирани за проширување, објасни таа.

Претходно, и шефот на одделот за меѓународни економски прашања на Министерството за надворешни работи на Кина, Ли Кесинг најави дека неколку земји веќе „чукаат на вратата“ на организацијата, меѓу кои се: Индонезија, Турција, Саудиска Арабија, Египет и Аргентина.

ФОТО: EPA/VLADIMIR SMIRNOV

Слично

Поврзани вести