Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган тужи германска издавачка куќа, бил исмеван во песна

Ердоган тужи германска издавачка куќа, бил исмеван во песна

Адвокатот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган  ќе покрене судска постапка против директорот на една од најголемите германски издавачки куќи „Аксел Шпрингер“,  Матијас Дефнер.

Toj изрази солидарност со телевизискиот комичар кој напиша песна во која се исмева турскиот претседател. Адвокатот на Ердоган, Ралф Хекер кажа дека поднел барање до регионалниот суд во Келн бидејќи Дефнер повторил некои од обвиненијата против турскиот претседател од песната.

Во отворено писмо, објавено во еден од весниците на издавачката куќа, претседателот Дефнер го поддржа Јан Бемерман и вели дека сатиричната песна ја смета за успешна.

Бемерман на 31 март потпиша текст објавен на државниот канал ЗДФ во кој Ердоган го нарекува педофил и зоофил.

Според германскиот закон за истрагата за оваа кривично дело потребна е дозвола од Владата, а германската Влада дала таква дозвола.

Слично

Поврзани вести