Ердоган со порака до Турчинките:Имајте најмалку три деца
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган сака да го зголеми населението во својата земја кое и онака има пораст последниве години.
Тој денеска изјави дека жените треба да имаат најмалку три деца и дека животот на жените не е комплетен, ако немаат потомство. Ова е уште една во низата спорни изјави на Ердоган.
Тој вели дека горлив проблем е работата на жените, но тоа не би требало да биде пречка за раѓање на деца.
Ердоган изјави дека отфрлањето на мајчинството е отфрлање на човештвото.
Тој претходно изјави дека за муслиманските семејства не е планирање на семејството и контрацепцијата.
Турција во 2000 година имала 68 милиони граѓани, а лани имала 79 милиони.
Ердоган има четири деца, две ќерки и два сина.
Слично
