ЕРДОГАН: Сите кои ќе ги нарушат нашите воздушни граници ќе им одговориме како на Русите
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека во случај на кршење на воздушните граници на Турција, неговата земја ќе одговори на ист начин, како при инцидентот со уривањето на рускиот бомбардер Су-24.
-Ако денес се случи исто такво нарушување на нашите воздушни граници, ние ќе дадеме ист таков одговор - рекол тој.
Ердоган ги негираше обвинувањата на Русија дека Анкара соработува со Исламска држава и нагласил дека борбата на неговата земја против џихадистите е „неспорна“.
Ердоган порача дека „ставот на Турција во борба против џихадистите е јасен од почетокот“, пренесува АФП.
-Тоа не се доведува во прашање. Никој нема право да ја оспорува борбата на нашата земја против Исламска држава или да не инкриминира-рекол тој.
И обвинувањата дека Русија купува нафта од Исламска држава беа демантирани од турскиот претседател.
Треба да ви биде срам. Оние кои тврдат дека ние купуваме нафта од Даеш (Исламска држава) се обврзани тоа и да го докажат. Ако не , тие се клеветници-порачал Ердоган.
