Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган се закани, Путин не реагира

Ердоган се закани, Путин не реагира

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, повторно не доби одговор на неговото барање да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин.

По денешните обвинувања од Анкада дека руски авион повторно влегол во турскиот воздушен простор, турскиот претседател се уште не добил одговор дали барањето за средба ќе биде прифатена.

„ Доколку Русија продолжи да го нарушува турскиот суверенитет ќе има последици. Вакво неодговорно однесување нема да помогне во поправањето на односите меѓу НАТоО и Русија ниту пак ќе допринесе за мирот во регионот. Напротив, ќе направи штета" - изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Oд друга страна пак, Русија пак остро демантира и вели дека овие обвиненија се „пропаганда без доказ”.

„Немало никакви нарушувања на воздушниот простор на Турција од авиони на руската авиогрупа во Сириската арапска република. Тврдењата на турската страна дека руски авион Су-34 го нарушил воздушниот простор се чиста пропаганда”- изјави портпаролот на Министерството Игор Конашенко.

Инаку, двајцата претседатели не се сретнале по соборувањето на рускиот воен авион од страна на турски ловец покрај турско-сириската граница во ноември минатата година. Тој инцидент беше причина за големата криза во билатералните односи, која се уште трае.

Слично

Поврзани вести