Ердоган се премисли и може да ги блокира Шведска и Финска за влез во НАТО
Турција повторно се заканува дека ќе го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека повторно ќе го блокира приемот на двете држави во НАТО доколку не ги исполнат барањата на Анкара, пренесува АФП. Треба да го одржат ветувањето за антитерористички акции што го дадоа минатиот месец. Ердоган вело дека „Шведска досега не остава добар впечаток“.
Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО откако Русија ја нападна Украина, но Турција веднаш се спротивстави на идејата и ги обвини двете нордиски земји дека ги поддржуваат групите кои Турција ги смета за терористички.
Финска и Шведска со Турција непосредно пред почетокот на самиот во Мадрид потпишаа формални договори, по што Анкара го повлече противењето на проширувањето на НАТО со овие две земји. Меѓутоа, Ердоган во понеделникот потсети дека тој договор подразбира и дека Шведска ќе екстрадира 70 „терористи“ во Турција. Сепак, владата во Стокхолм негира дека тоа било содржано во договорот, иако двете земји се обврзале на „поедноставување“ на процесот на екстрадиција. Шведска тврди дека не се согласила да предаде некој свој државјанин.
