Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Сакаме да ги продолжиме стратешките односи со Русија

Ердоган: Сакаме да ги продолжиме стратешките односи со Русија

Турција не се чуствува виновна за конфликтот со Русија, изјавил турскиот претседател Реџеп Ердоган за новинарите во авионот за пат накај Туркменистан, пренесе телевизискиот канал „Хабер Турк“.

„Ние не го прифаќаме овој конфликт. Сакаме да продолжиме во духот на стратешки односи во контактите со Москва. Ние се развиваме успешно во последните 10-11 години и сакаме да продолжиме да го правиме тоа“, изјавил турскиот претседател.

Тој додаде дека му е тешко да се разбере врз основа на што голем број набљудувачи тврдат дека соборувањето на рускиот „Су-24“ е вештачки поставена стапица и за двете страни.

„Би сакал овој инцидент да не влијае на нашите односи со Русија и во најскоро време да прекинеме се“, додал уште Ердоган.

Според него, проблемот треба да биде надминат со дипломатски средства, за да не се дава можност за ескалација и да се демонстрира намера за продолжување на претходните односи.

Слично

Поврзани вести