ЕРДОГАН САКА ДА СЕ СМИРИ СО ПУТИН: Побарал состанок во Париз, се чека одговор на рускиот претседател
Кремељ денеска соопшти дека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган побарал состанок со рускиот претседател Владимир Путин во Париз на 30 ноември.
„Предлогот од турска страна за состанок на ниво на шефови на државите е упатен кон претседателот. Тоа е се што можам да кажам“, изјавил потпаролот на Кремељ за новинарите.
Путин и Ердоган, како што е најавено, ќе присуствуваат на глобалниот самит за климатските промени кој ќе започне во Париз на 3о ноември, наведува една британска агенција.
Слично
