Ердоган сака да гради џамија во Хавана, бидејќи муслиманите ја откриле Америка
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган при посета на Хавана предложил во Куба да се изгради џамија, обајснувајќи го тоа по негово уверување дека муслиманите ја откриле Америка.
Ердоган по разговорот со кубанскиот претседател Раул Кастро изјавил дека тој побарал дозвола за да се изгради џамија во Хавана, која ќе се базира на моделот џамија на истамбулската област Оратко.
Турскиот претседател минатата година на конференцијата на муслиманските лидери од Латинска Америка изјавил дека муслиманите пристигнале во Америка во 12 век, пред што тој континент го открил Кристофер Колумбо во 1492 година.
„Се ќе направиме сами. Нам не ни е потребен партнер. Ако сметате дека е во ред, ние сакаме да го направиме тоа“, изјавил Ердоган во разговорите со Кастро.
До сега не е јасно каков е одговорот на кубанските власти. Повеќе од 11 милиони луѓе во Куба се католици, а на островот живеат неколку илјади муслимани.
Најголемата џамија во Латинска Америка се наоѓа во исламскиот културен центар „Крал Фахд“ во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина.
