Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган призна дека ѝ се заканил на цела Европа

Ердоган призна дека ѝ се заканил на цела Европа

Турскиот претседател признава дека се заканувал оти ќе ја отвори границата и Европа „ќе ја преплави со бегалци”, ако лидерите на ЕУ не му понудат, како што вели, подобар одговор за справување со бранот на бегалци.

„Кога сакаме можеме да ги отвориме вратите кон Грција и Бугарија и да ги качиме бегалците во автобуси… И како ќе излезете на крај со бегалците без договор со нас? Ќе ги убиете?“ – им рекол Реџеп Таип Ердоган на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и претседателот на европскиот совет, Доналд Таск.

Турскиот претседател вели дека не е тајна оти Турција е спремна да реагира во Сирија и дека, како што вели нивното трпение има граници.

„Претходно ги сопревме луѓето на портата на Европа, во Едрене ги сопревме нивните автобуси. Тоа се случи еднаш или двапати, но потоа ќе им ги отвориме вратите и ќе им посакаме безбеден пат, тоа го кажав“, изјави Ердоган.

Слично

Поврзани вести