Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган предвиде како ќе заврши војната во Украина

Ердоган предвиде како ќе заврши војната во Украина

Според турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, војната во Украина ќе заврши на преговарачка маса. 

Тој вели дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш се согласуваат за оваа точка. Ердоган е во посета на Украина. 

„Меѓународната заедница мора да преземе поголема одговорност за повторно започнување на дипломатскиот процес“ во Украина“, вели турскиот претседател.

Ердоган нагласи и дека „не сакаме да доживееме нов Чернобил“, при тоа изразувајќи ја загриженоста за тековните судири околу нуклеарната централа Запорожје.

Војната почна на 24 февруари. Русија обвинува дека утре украински сили ќе извршат напад на нуклеарната централа Запорожје и нив ќе ги обвинат за нападот. 

Инаку, Русија бара дел од украинските територии да се приклучат со нивната територија, за што веќе има најави за референдуми. 

Слично

Поврзани вести