Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: После акцијата нема да има џихадисти на северот од Сирија

Ердоган: После акцијата нема да има џихадисти на северот од Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол дека нема да има џихадисти на Исламска држава по акцијата во северна Сирија во регионот, но и дека сириските бегалци лоцирани во Турција ќе бидат испратени во Европа, ако европските држави ја означат турската интервенција како окупација.

Реџеп Таип Ердоган кажал дека гарантира дека откако турската армија ќе ја нападне северна Сирија, нема да има џихадисти на Исламска држава во регионот.

Разговарајќи со претставниците на неговата партија, Ердоган потенцирал дека заробените борци на Исламска држава остануваат во затвор и дека некои од нив ќе ги преземат земјите од каде потекнуваат.

Ердоган истакнал и дека 3,6 милиони сириски бегалци ќе бидат испратени во ЕУ доколку Унијата го карактеризира упадот на турската армија во северна Сирија како окупација.

Исто така, по реакциите на меѓународната заедница за инвазијата на турската војска во североисточна Сирија, рече дека акцијата ќе го поддржи територијалниот интегритет на Сирија.

„Тие не се искрени, тие само ги кажуваат зборовите. Ние спроведуваме активности и ние сме различни во тоа“, кажал Ердоган, за обвинувањата направени од Саудиска Арабија и Египет на штета на Турција.

Слично

Поврзани вести