Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган положи заклетва и официјално стана шеф на државата

Ердоган положи заклетва и официјално стана шеф на државата

Новиот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска положи заклетва пред парламентот во Анкара на церемонијата на која не присуствуваа пратениците на главната опозициона партија.

Ердоган (60) кој е е избран на 10 август на мандат од пет години, го наследи Абдула Ѓул на местото шеф на државата.

 Новиот претседател се обврза дека ќе остане приврзан на „Уставот, владеањето на правото, демократијата, принципите и реформите на Кемал Ататурк и принципите на лаичката држава“.

Пред полагањето на заклетвата, пратениците од редовите на социјалдемократите ја напуштија салата, додека пратениците на крајната  десница одбиле со аплауз да го поздрават новиот шеф на државата.

Ердоган, кој како премиер ја води земјата од 2003 година, најави измени во Уставот како претседателот би имал повеќе овластувања, бидејќи шефот на државата досега имал воглавно протоколарна улога.

После цермонијата на примопредавање на власта, Ердоган денеска ќе го задолжи досегашниот шеф на дипломатијата Ахмет Давутоглу (55) да формира нова влада чиј состав би требало да биде обелодинет веќе утре.

Слично

Поврзани вести