Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган побара обединување на сите муслимани

Ердоган побара обединување на сите муслимани

Дводневните разговори доведоа до изградба на нов силен сојуз меѓу сунитските земји Турција и Саудиска Арабија.

„Нашата цел е да дадеме надеж на целото муслиманско семејство за иднината. Со божјата волја, со оваа средба ќе започне нова ера за сите нас "- рече Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.

Турскиот претседател го повтори својот повик за приближување на 1,7-те милијарди муслимани во светот. Дводневните разговори доведоа до изградба на нов силен сојуз меѓу сунитските земји Турција и Саудиска Арабија, чии министри вчера потпишаа Меморандум за воспоставување на совет за билатерална соработка. Како Анкара, така и Ријад ги поддржуваат бунтовниците, се борат против претседателот Башар Асад во Сирија. Тоа ги спротивставува на Русија и Иран, кои од своја страна ја поддржуваат власта во Дамаск и се единствените значајни сојузници на Асад. Организацијата за исламска соработка, основана во 1969 година е втората по големина меѓувладина организација во светот, со учество на 57 држави.

Слично

Поврзани вести