Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Никој не треба да го тестира нашето трпение

Ердоган: Никој не треба да го тестира нашето трпение

Никој не треба да го тестира нашето трпение, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на ифтар организиран во претседателската палата во Анкара синоќа.

Немаме право да дозволиме во Средоземното Море да се дават деца и жени од Сирија, Ирак, Авганистан и Либија, коментира  турскиот претседател. Тој додава дека Турција не е обична земја и нема да прифатат варијанти Анкара да чека до 3000 година за членство во ЕУ.

Ердоган ја прокоментира и ситуацијата со тероризмот иако беше категоричен дека земјата ќе продолжи да се бори против ова зло.

„Активно ќе се бориме против структурата која и се заканува на Турција од Сирија. За таа цел ќе се активираат сите политички, дипломатски и воени ресурси "- истакна Ердоган.

Додава дека Турција ќе продолжи со хуманитарната мисија во регионот, ќе помага и на бегалците.

Слично

Поврзани вести