Ердоган: Нема да воспоставиме диктатура
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека со проширувањето на неговите овластувања со новиот Устав не се воспоставува диктатура во државата.
“Промената е неизбежна. Изградбата на нова Турција е неизбежна. Новиот Устав беше неизбежен. Претседателскиот систем, со Божја помош, е неизбежен“, вели Ердоган.
Новинската агенција АФП пренесува дека Ердоган сака да ја зајакне својата улога како прв човек на Турција си извршни овластувања на претседател како во САД.
Ердоган е основач на исламистичката Партија на правдата и развојот (AKП) и беше одбран за претседател на Турција по една деценија како премиер на државата.
АКП во моментов има 312 пратеници и се стреми кон поголема застапеност во парламентот по изборите кои закажани на седми јуни.
Слично
