Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган не го фалел Хитлер, погрешно бил сфатен

Ердоган не го фалел Хитлер, погрешно бил сфатен

По вчерашната контраверзна изјава на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој рече дека системот на Хитлерова Германија бил пример за успешно државно уредување, реагираа од неговиот кабинет. Од таму се вели дека медиумите погрешно ја интерпретирале неговата изјава дека во времето на Хитлер имало ефикасен претседател во унитарна држава.

„Неприфатливо“ е зборовите на претседателот да се земаат како „позитивно реферирање на хитлеровска Германија“, објави кабинетот на Ердоган потсетувајќи на претходните негови осуди на холокаустот и антисемитизмот.

Ердоган само сакал да каже де претседателскиот систем може да постои и во унитарна држава со силно централизирана влада и во држава со федерално уредување, наведува натаму неговиот кабинет.

Инаку, турскиот претседател сака да го смени Уставот на Турција за да си даде себе си повеќе овластувања. Со тоа, тој сака церемонијалната титула претседател да стане извршна власт, односно да воведе турска верзија на систем како што има во САД.

Слично

Поврзани вести