ЕРДОГАН НАЈАВИ ОСТАВКА: Aко се докаже дека Турција купува нафта од ИСИС
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги демантира сите обвиненија дека државата учествувала во нелегална трговија со нафта од ИСИС.
Откако Русија излезе со сериозни обвинувања против Ердоган, за шверц на нафта од Исламската Држава, турскиот претседателот денеска изјави дека никој нема право да ја клевети Турција за таква вмешаност во криминални дела.
„Турција не ја загубила својата совест за да купува нафта од терористичка организација”, рече Ердоган
Претседателот изјави дека е спремен да си поднесе оставка ако се докаже негова вмешаност во шверцот на нафта од џихадистите.
Инаку, Русија денеска го обвини Ердоган и неговото семејство дека се главни учесници во шверцот на нафта, а следната недела најави дека ќе објави и докази.
