Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Ќе ги заштитиме правата на вработените мајки!

Ердоган: Ќе ги заштитиме правата на вработените мајки!

Турскиот претседател Реџеп Ердоган изјави дека Владата ќе ги преземе потребните мерки за да бидат заштитени мајките кои работат, пренесе агенцијата Анадолија.

Неговиот коментар беше истакнат на Собранието на синдикатот по повод претстојниот Меѓународен ден на жената.

Според неговите зборови, е многу важно да се задржат жените како работна сила, без тоа да им пречи да ги извршуваат своите должности во семејството.

Според Ердоган, силните семејства се гарант за силна држава, а тоа е невозможно без силни жени.

Тој додал дека властите нема да дозволат дискриминација на жените во општеството или на нивните работни места.

Шефот на државата даде пример за зголемениот број жени во политиката по последните избори во земјата.

Тој се осврна и на темата за насилството над жените, актуелна тема во земјата по бруталното убиство на 20-годишна студентка во февруари во Мерсин.

Сепак Ердоган ги критикува и оние кои наместо да зборуваат за самите жртви и како жените се продаваат како сопственост, разговараат повеќе како биле облечени тие и наметнуваат забрани за носење на шамии.

Тој ги критикувал и другите држави кои разговараат за почитувањето на правата на жените, но не велат ништо за жртвите во Сирија или Ирак.

Слично

Поврзани вести