Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган и Нетанјаху се скараа за Ерусалим: Чиј е и кој треба да се откаже од него?

Ердоган и Нетанјаху се скараа за Ерусалим: Чиј е и кој треба да се откаже од него?

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска порача дека како муслимани нема да има повлекување ниту еден чекор од правата врз Источен Ерусалим.

„Нема да дозволиме Ерусалим да биде осквернавен од несвети раце, иако знам дека огорченоста на обожавателите на Хитлер можеби никогаш нема навистина да исчезне“, рече Ердоган на церемонијата по повод поставувањето камен-темелник на новата зграда на турското Министерство за надворешни работи во Анкара.

Ердоган ја нагласи непоколебливата поддршка за Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека Ерусалим е нивен град.

„2.000 години по уништувањето на Вториот храм, го откриваме нашето минато и ја градиме нашата иднина врз темелите на Ерусалим од пред 2.000 години“, рече Нетанјаху. 

Тој одговори на претходните изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ова е наш град, господине Ердоган. Тоа не е ваш град. Тоа е наш град. Секогаш ќе биде наш град. Нема повторно да биде поделен“, рече тој.

Палестинската терористичка група Хамас на 7 октомври во 2023 година го нападна Израел, со барање за основање на палестинска држава со главен град Ерусалим. 

foto Wikipedia/askii

Слично

Поврзани вести