Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган и Чавушоглу бараат Турција да го промени името во Туркије

Ердоган и Чавушоглу бараат Турција да го промени името во Туркије

Турција сака да си го смени името. 

Mинистерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција и официјално побарала Обединетите нации(ОН) и другите меѓународни организации да го променат името на неговата земја во Туркије. ОН се подготвени за промената, а Анкара ја поттикнува промената во Туркије од англиската верзија „Туркеу” во поголемиот дел од својата меѓународна кореспонденција. 

„Анкара денеска ќе испрати официјално писмо до сите меѓународни актери и очекува промената на името да стане официјална веднаш неделава“, изјави Чавушоглу за агенцијата Анадолу.

Потегот за ребрендирање уследи по декретот издаден во декември од претседателот Реџеп Таип Ердоган на англиски, француски и германски, и меѓу другите јазици, да се промени името во Туркије (Türkiye), вклучително и при етикетирање на извозните производи. Според Ердоган, името Туркије „на најдобар начин ги претставува и изразува културата, цивилизацијата и вредностите на турската нација“. Досега во светот имало слуачеви каде државите, и градовите носеле одлуки за промена на името. 

Слично

Поврзани вести