Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ердоган: Хамас е патриотска организација која ја брани својата територија и народ

Ердоган: Хамас е патриотска организација која ја брани својата територија и народ

Хамас е патриотска организација која ја брани својата територија и народ, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Според него, Хамас не е терористичка организација, туку тие се воини.  Ердоган рече дека Израел ги искористи добрите намери на неговата земја и нема да оди во Израел како што претходно е планирано, пренесува „Ројтерс“.

„Ние не сме му должни на Израел. Но, Западот е должен“, додаде турскиот претседател.

Ердоган првпат се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во септември во Њујорк.

„Се ракував со тој човек. Нема да најдете друга земја чија армија се однесува толку нехумано“, изјави турскиот претседател. 

Вака ја коментира одмаздата на Израел во Газа по крвавиот напад на Хамас кој се случи на 7 октомври.

„Кога утре ќе исчезне помошта на која се потпираат денес, првото место каде што израелскиот народ ќе бара доверба и милост ќе биде Турција, исто како и пред 500 години“, заклучи Ердоган.

Турскиот шеф на дипломатијата, Хакан Фидан најави дека израелската копнена операција во Газа ќе го претвори тамошниот конфликт во масакр.

Во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас загинаа најмалку 6.546 лица, објави Министерството за здравство. Меѓу жртвите има најмалку 2.704 деца, а 17.439 луѓе се ранети.

foto Facebook.com/Recep Tayyip Erdoğan

Слично

Поврзани вести