Ердоган го спореди Нетанјаху со Хитлер и ја нарече израелската влада „мрежа на убијци“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нападот врз преговарачкиот тим на палестинската терористичка група Хамас во Катар минатата недела, велејќи дека „идеолошки, Нетанјаху е како роднина на Хитлер“.
Ердоган претходно го спореди Нетанјаху со Хитлер и ја нарече израелската влада „мрежа на убијци“, пренесува Н1.
Лидерот на Турција изрази надеж дека „фронтот на човештвото“ за Палестина ќе добие поширока поддршка на Генералното собрание на Обединетите нации. Во разговор со новинарите по враќањето од вонредниот арапско-исламски самит во Катар, Ердоган вети дека повторно ќе го постави прашањето за палестинската државност на Генералното собрание.
Слично
