Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕРДОГАН ГО НАПАДНА ПУТИН: Поддржувате безмилосен убиец!

ЕРДОГАН ГО НАПАДНА ПУТИН: Поддржувате безмилосен убиец!

Остри критики кон сириската влада и нејзините поддржувачи испрати денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој обвини дека владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад дека „безмилосно“ убила 400.000 луѓе, а Русија била виновна, бидејќи ги поддржува.

„Ништо не можете да постигнете со поддржување режим кој безмилосно уби 400.000 невини луѓе со конвенционално и хемиско оружје“, порача Ердоган.

Освен тоа, турскиот лидер го  обвини неговиот руски колега Владимир Путин дека руската поддржувачка политика со сириските Курди е само „масло на огнот”.  Русија му дава поддршка на сириските курдски борци во борбата против ИСИС, а нив Турција ги смета за терористи поради нивната поврзаност со Курдската работничка партија.

Ердоган го обвини денес и лидерот на прокурдската опозициска Народна демократска партија (ХДП) Селахатин Демиртас за „провокација и предавство“, поради изјавата за поддршка за курдска самоуправа на југоистокот на Турција.

Ердоган изјави дека народот и законот ќе придонесат партијата и лидерите на Курдите „да ја научат лекцијата“.

Слично

Поврзани вести